За две обвиненија, дека „ја злоупотребил својата моќ“ и дека „го попречувал Конгресот,, Претставничкиот дом гласаше за отвоирање постапка за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп.
Со тоа тој стана 3 американски претседател за кој било побарано импичмент.
Речиси сите демократи, кои имаат мнозинство во Претставничкиот дом, гласаа за обвиненијата, а сите републиканци гласаа против.
Сега, Трамп го чека судење во Сенатот, кој ќе одлучи дали претседателот ќе остане на функцијата, но малку е веројатно дека тоа ќе се случи бидејќи републиканците на Трамп го контролираат Сенатот.
Белата куќа објави соопштение во кое се вели дека претседателот е „уверен дека ќе биде целосно ослободен“ на судењето во Сенатот.