Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека сакал да се зарази со корона вирусот за да им покаже на луѓето со сопствен пример дека „тоа не е чума“.
Сакав да ја поминам таа етапа. За да им биде полесно на луѓето. Кога сме во депресија се собираме. Предложив да бидам заразен и веднаш да бидам изолиран… И ќе го преживеев нормално. Зошто за луѓето тоа да биде нешто страшно кога ќе се разболат. И затоа со сопствен пример сакав да покажам дека тоа не е чума – истакна Зеленски.
Украинскиот претседател додаде дека, сепак, семејството немало да му го прости намерното заразување со Ковид-19.
Би кажале дека сум луд. И во принцип би биле во право – смета Зеленски.