Претседателот на Иран, Хасан Рохани, смета дека земјата нема да претрпи толку голема штета како останатите земји од падот на цените на нафтата поради тоа што не зависи од другите земји кога станува збор за извоз на сирова нафта.
Ќе бидеме помалку оштетени од другите земји поради падот на цените, затоа што нашата економија помалку се потпира на извозот на нафта – истакна Рохани.
Цените на нафтата и денеска продолжија да се намалуваат, а берзите се борат со огромен прилив на „црното злато“ поради пад на побарувачката за сите нафтени производи поради кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.