Свет 17. октомври 2018. / 22:37

Пресврт: По објавата за самоубиството на убиецот кој изврши масакр во Крим, тој се јави и кажа дека е жив

Пресврт: По објавата за самоубиството на убиецот кој изврши масакр во Крим, тој се јави и кажа дека е жив

Студентот Владислав Рослјаков кој наводно извршил масакр во Политехничкото училиште во Керч и убил 19 лица, а ранил повеќе од 70 лица, па потоа извршил самоубиство, се јавил дека е здрав и жив.

Шокантниот пресврт следел после појавувањето на снимката на Јутјуб во која Владислав демантира дека има било каква врска со нападот.

– Медиумите ме прогласија за терорист. Објавија мои фотографии, од мојот профил иако немам никаква врска со тоа – вели тој.

– Не разбирам што се случува. Има многу луѓе кои ќе кажат дека не сум јас, бев на училиште од 9 до 12.30 часот, постојат записи и во дневникот, и на камерите дека бев таму. Ова се глупости. Се плашам дека ќе ме убијат на улица, ја објавил РБЦ изјавата на тинејџерот.