Свет 12. април 2020. / 17:49

Премиерот на Велика Британија, Џонсон е отпуштен од болница

Премиерот на Велика Британија, Џонсон е отпуштен од болница

„Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е отпуштен од болница, една недела откако беше примен заради симптоми на Ковид-19“, изјави портпаролот на Даунинг Стрит.

Џонсон беше примен во болница минатата недела и беше пренесен на интензивна нега во понеделникот. По совет на неговиот медицински тим, Џонсон нема веднаш да се врати на работа.

Заложбите на милиони луѓе низ целата земја да останат дома, вреди. Заедно ќе го надминеме овој предизвик, бидејќи во минатото надминавме толку многу предизвици. #StayHomeSaveLives“, напиша Џонсон на Твитер.