Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави денеска дека ќе побара од Парламентот уште едно, но последно двонеделно продолжување на вонредната состојба воведена поради пандемијата.
Вонредната состојба треба да истече на 7 јуни, а Владата ќе побара продолжување во наредните денови, иако едвај го обезбеди во Собранието во последните два наврати.
Таквата состојба и овозможи на Владата да воведе забрани и ограничувања со цел да го сузбие ширењето на новиот корона вирус, што резултираше со смрт на 27.000 луѓе во Шпанија.
– Но, сега речиси стигнавмедо безбедно пристаниште, рече премиерот метафорично за состојбата со епидемијата во Шпанија.
Забраните и ограничувањата селективно се попуштаат по региони, во зависност од тоа колкумина се заразени и колку региони се подготвени за можен втор бран на заразата.