Францускиот премиер Едуард Филип прогласи победа на локалните избори на кои се кандидираше за градоначалник на Авр. Филип на изборите за градоначалник добил 58,8 отсто од гласовите.
Среќни сме во Авр. Ќе ја прославиме победата – изјави Филип.
Медиумите јавуваат дека партијата на францускиот претседател Емануел Макрон претрпела пораз во неделниот втор круг на локалните избори, додека Зелената партија славела победа во неколку поголеми градови.
Макрон се надеваше дека неговата партија ќе добие поддршка во градовите низ Франција, што ќе беше важно пред претседателските избори во 2022 година. Сепак, Партијата на Зелените, која ги здружи силите со левичарските партии во некои градови, победи, што може да го принуди Макрон да изврши реконструкција на Владата.
Во Франција вчера се гласаше за 35.000 градоначалници, кои во текот на кампањата ветија дека ќе се справуваат со проблемите што се движат од образованието до заштитата на животната средина.
Одѕивот на изборите во вториот круг на изборите беше на рекордно ниско ниво – само 40,5 проценти.