Францускиот премиер, Едуар Филип, не планира да се кандидира за функцијата претседател во 2022 година, тврди негов близок соработник.
Популарноста на премиерот Филип постојано се зголемува од почетокот на кризата со Ковид-19, но сепак е можно тој да замине од премиерската функција при најавената реконструкција на владата по општинските избори. Ова евентуално заминување, доведе до лавина од гласини за можните планови на Едуар Филип.
Едуар Филип нема да биде кандидат за претседател во 2022 против Емануел Макрон. Јас тоа можам да ви го кажам со извесен степен на сигурност, кој е многу висок – изјави Жил Боаје, поранешниот специјален советник и близок пријател на Филип.
Во очекување на неговото можно заминување од функцијата премиер, Едуар Филип е концентриран и на локалната политичка сцена, поточно општинските избори во Хавр (Нормандија) каде што е кандидат за градоначалник. Деновиве тој изјави дека „негова цел е да биде градоначалник на Авр“.
Покрај Едуар Филип исто и актуелната градоначалничка на Париз и кандидат за нов мандат, Ан Идалго потврди дека и таа нема да биде кандидат за претседател на Франција.