Свет 15. април 2020. / 12:22

Премиерката на Нов Зеланд ги намали својата и платите на сите министри

Премиерката на Нов Зеланд ги намали својата и платите на сите министри

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, донесе одлука за намалување за 20 проценти на нејзината и на платите на министрите во владата во текот на следните шест месеци.

Таа најави намалување на платите и за шефовите на јавните служби. Како што објасни Ардерн, ваквото намалување доаѓа поради кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот.

Станува збор за функционери кои треба да бидат лидери на државата. Ако постои момент за надминување на јазот меѓу разните позиции, сега е тој момент – изјави Ардерн на прес-конференција.

Премиерката појасни дека нема да има намалување на платите за вработените во јавните служби на првата линија, како што се полицајците и здравствените работници.

Ардерн годишно заработува околу 247 илјади евра, а министрите по околу 165 илјади евра.

На Нов Зеланд од има заразени 1.386 лица корона вирус, а деветмина се починати.