Премиерката на Хонг Конг, Кери Лам, промени пет министри во владата, истакнувајќи дека реконструкцијата на Владата е со цел да заживее економијата погодена од пандемијата на Ковид-19.
Именувани се нови министри за внатрешни работи, за цивилна управа, за иновации и технологија, како и министер за односи со Кина.
Реконструкцијата е одобрена од централната кинеска Влада во Пекинг.
Почнав да правам стратегија за заживување на Хонг Конг по пандемијата. Главна цел на реконструкцијате е да се помогне Хонг Конг да излезе од оваа тешка ситуација што е можно побрзо – истакна Лам.