Свет 02. март 2021. / 17:01

Преку програмата КОВАКС ќе бидат испорачани 237 милиони дози вакцини до крајот на мај

Преку програмата КОВАКС ќе бидат испорачани 237 милиони дози вакцини до крајот на мај

Генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека се очекува преку програмата КОВАКС до крајот на мај да бидат испорачани 237 милиони дози вакцини против Ковид-19 на компанијата АстраЗенека во 142 држави.

Тој наведе дека за денеска е планирана испорака на вакцини во Ангола, Камбоџа, Демократска Република Кнги и Нигерија.

Претседателот на Гана, Нана Акуфо-Адо изјави дека во неговата земја почнала имунизацијата на населението со вакцините од КОВАКС.