Глобалната економија доживува ,,синхронизирано забавување”, изјави новата шефица ан Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, додавајќи дека состојбата множе да се влоши доколку владите не ги решат трговските спорови и не го поттикнат растот.
Во многу отворениот инаугуративен говор по стапувањето на должност на 1 октомври, Кристалина Георгиева денеска рече дека трговските тензии „значително го ослабнале“ производството и инвестициската активност ширум светот.
-Постои сериозен ризик дека услугите и потрошувачката ќе бидат наскоро погодени, рече Георгиева.
Кумулативниот ефект на трговските конфликти може да доведе до пад на глобалниот БДП од 700 милијарди долари или 0,8 проценти до 2020 година, рече таа, додавајќи дека најновото истражување ќе биде објавено следната недела на годишниот состанок на ММФ и Светската банка.
-Во тоа сценарио, вредност колку што е целата економија на Швајцарија исчезнува, рече Георгиева.
Таа смета дека увозните и планираните американски повисоки царински давачки вредат 300 милијарди американски долари за увоз од Кина. Голем дел од загубата на БДП ќе се должи на падот на деловната доверба, падот на продуктивноста како резултат на нарушениот ланец на снабдување и негативните реакции на пазарот, рече шефицата на ММФ.
–За 2019 година очекуваме застој на растот во скоро 90 проценти од светот. Глобалната економија е во синхронизирано забавување. Ова значи дека годинешниот раст ќе биде најнизок од почетокот на деценијата, предупреди Георгиева.
Ситуацијата е сосема спротивна од пред две години, пред почетокот на трговската војна САД-Кина, кога земјите што сочинуваат 75 проценти од светскиот БДП забележаа брз раст, вели Георгиева.
Бугарскиот економист, поранешен функционер на ЕУ и порано втор човек на Светска банка, предупреди дека светската трговија „скоро запрела“.
Според неа, пукнатините во трговијата би можеле да предизвикаат промени што ќе траат барем една генерација, вклучително и прекинати ланци на снабдување, затворен трговски сектор, „дигитален Берлински Ѕид“ што ги принудува земјите да избираат меѓу технолошките системи.
Овие лоши предвидувања ќе погодат многу земји кои во трговските конфликти ќе се најдат меѓу двата огна, вклучително и растечките пазари кои имаат договори со ММФ, додаде Георгиев.
Повикувајќи ги државите да соработуваат во реформите во глобалната трговија за да бидат остварливи, шефот на ММФ алудираше на честото незадоволство од кинеските трговски практики, но не ја спомна конкретно земјата.
-Тоа значи справување со субвенциите, како и правата на интелектуална сопственост и трансферите на технологија, рече Георгиева, додавајќи дека модернизираниот трговски систем ќе го ослободи потенцијалот на услужниот сектор и мрежната трговија.