Новото предупредување дојде откако Иран призна дека случајно го срушил украинскиот патнички авион
Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) денес ги предупреди европските авиокомпании уште повеќе да го избегнуваат иранскиот воздушен простор.
Европската агенција, која издаде предупредување на 9-ти јануари европските компании да го избегнуваат надлетувањето на Иран до надморска височина под 25.000 метри (7.620 метри), соопштија дека новото предупредување дошло откако Иран призна дека случајно урнал украински авион над аеродромот во Техеран, пренесува Ројтерс.