Свет 13. декември 2018. / 11:35

Пред претседателските избори – изгоре магацинот со изборниот материјал

Пред претседателските избори – изгоре магацинот со изборниот материјал

Во раните утрински часови во магацинот во кој се чуваше изборниот материјал на Конго избувна пожар.

Во пожарот, кој се случи на само 10 дена пред претседателските избори во земјата, изгореа илјадници гласачки кутии и електронски избирачки машини.

Изборната комисија соопшти дека е прерано да се утврдат причината и степенот на штетата.

Причините за пожарот засега се непознати.