Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари за тој што ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп.
– Во име на народот на провинцијата Керман, ќе платиме три милиони долари награда во готово на оној кој ќе го убие Трамп – изјави во иранскиот парламент Ахмад Хамзех.
Хамзех не прецизираше дали одлуката да му се испрати закана на американскиот претседател е донесена од иранските верски лидери.
Керман е родното место на иранскиот воен командант Касем Сулејмани, кој беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад до дрон во близина на аеродромот во Багдад.