Свет 11. август 2018. / 18:58

Пратеник дошол во Парламент облечен како Хитлер (ФОТО)

Пратеник дошол во Парламент облечен како Хитлер (ФОТО)

Индиски пратеник ја шокираше јавноста отако во Парламент се појави облечен како Адолф Хителер. Нармали Сивапрасад, инаку поранешен актер, се облекол во костим на нацистичкиот диктатор за да протестира против одлуката на владата државата од која доаѓа да не додели посебен статус и повеќе парични средства за земјоделски развој.

Ова не е првпат овој пратенк да се појави во некаков костим – доаѓал и болечен во митолошко суштество, хинду бог, духовен водич и жена.

-Тоа го правам за брзо да привлечам внимание од јавноста. Тоа ќе ги натера луѓето да размислуваат – вели за Би-Би-Си и додава дека сите негови костими биле инспирирани од неправичен третман на Владата кон неговата држава.