Свет 20. јануари 2021. / 09:47

Познатата глумица Кристи Свонсон застана во одбрана на Доналд Трамп

Познатата глумица Кристи Свонсон застана во одбрана на Доналд Трамп

Глумицата Кристи Свонсон застана во одбрана на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп, по најавите за дигитално отстранување на неговиот лик од „Дома сам 2“.

– Ако „Бојкот-култура“ навистина го отстрани Доналд Трамп од филмот на Џон Хјуз „Сам дома“, тогаш како поддршка на МОЈОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ, би сакала и јас да бидам официјално отстранета од филмовите на Џон Хјуз – „Убава во розово“ и „Слободиот ден на Ферис Булер“, објави на Твитер Свансон, завршувајќи ја пораката со смешко со солзи.

Таа инаку имаше, исто така, куси, камео-улоги во тие два филма. Режисерот и продуцент Џон Хјуз почина 2009 година.

Ѕвездата од „Сам Дома 2“, Меколи Калкин ја поддржа идејата да „се исече“ ликот на Трамп од филмот.