Свет 27. август 2018. / 16:25

Познат пејач уапсен поради силување во Франција

Познат пејач уапсен поради силување во Франција

Француските власти соопштија дека мароканскиот пејач Саад Ламјаред (33) е уапсен под сомнение дека извршил полов напад во туристичкиот град Сен Тропе на француската ривиера.

Полицискиот притвор за осомничените за силување во Франција трае до 48 часа.

Ламјаред беше уапсен и во октомври 2016 година, тогаш за напад и силување на Французинка во луксузен хотел на авенијата Елисејски полиња. Судскиот процес за тој случај се уште не е почнат.

Ламјаред е доста познат на арапската поп-сцена. Кралот Мохамед Шести во 2015 година му ја додели и највисоката националната награда на Мароко.