Свет 01. јуни 2018. / 09:59

Познат е хирургот кој без дозвола и ги отстранил јајниците на пациентка, по што таа се самоубила

Познат е хирургот кој без дозвола и ги отстранил јајниците на пациентка, по што таа се самоубила

Ентони Диксон, кој стекнал светска репутација за употреба на мрежасти импланти за проблеми со цревата, ја примил 58-годишната Лусинда Кемпбел во приватната болница во 2016 година поради пореметување во цревата.

Диксон кој е суспендиран од две болници во Бристол, наводно и кажал на Кембпел дека за време на операцијата ѝ ги отстранила јајниците, бидејќи му пречеле. На жената ѝ е вграден вагинален мрежаст имплант за да ѝ помогне со цревата, но тоа после операцијата била во агонија.

Подоцна е пронајдена обесена на таванот од нејзината куќа, со порака „Немаше друг излез од болката“.

 

Откако докторот ѝ ги извадил јајниците ѝ рекол „Мислев дека ви правам услуга, на жена на ваши години навистина не ѝ требаат јаници“.

Неупсешната операција предизвикала големи болки кај Кемпел и тоа влијаело на нејзиното здравје. Болката ја натерала да си го одземе животот. Нејзиниот син потврдил дека неговата мајка имала многу големи болки и дека била вознемирена што ѝ биле отстранети јајниците без нејзина дозвола.