Јапонскиот блогер познат под надимакот Хагекс е убиен во неделата од корисник на интернет со кој се скарал онлајн, бидејќи одржал конференција за кавгата на интернет и како да ја реши.
Убиството го извршил вработен во компанија во Токио, експерт за информатичка безбедност, кој неколку пати се појавувал на телевизија, а како што соопштува полицијата убиството било планирано.
Блогерот е пронајден мртов во тоалет, со повеќе убодни рани од нож.
Неговиот убиец е уапсен и го признал злосторството, а чинот го оправдал со тоа што „го мразел блогерот“.