Саудиска Арабија и воената коалиција што ја предводат во Јемен одлулија да прогласат прекин на огнот и примирје со Хути бунтовниците во обид да формираат обединет фронт за борба против ширењето на корона вирусот. Ваквата одлука доаѓа по повикот на Обединетите Нации за голбално примирје и борба против пандемијата во која се заболени преку 681.700, а починаа преку 31.880 луѓе.
Со ваквата одлука барем привремено се стопира најголемата хуманитарна катастрофа во светот, предизвикана од петгодишната граѓанска војна меѓу владините сили поддржани од Саудијците и бунтовничките милиции на Хутите, кои имаат поддршка од Иран и под чија контрола е главнит град Сана.
Ваквото стопирање на воените дејствија е добра вест за речиси 30 милиони жители на Јемен, од кои 80 проценти имаат неопхподност од некаква хуманитарна помош, особено поради тоа што земјата засега не е зафатена од пандемијата.
Светската здравствена организација деновиве соопшти дека во Јемен не е забележан ниту еден случај на зараза со вирусот Ковид-19, но и покрај тоа соработува со земјата за поставување на инсатлации за карантин во градот Аден заради подготвеност за одговор во случај не појава на вирусот што го покори светот.
Currently #Yemen has no confirmed cases of #COVID19.
With the coordination of Ministry of Health, WHO has supported establishment of a quarantine facility in #Aden to ensure preparedness and response in the event a case is confirmed. pic.twitter.com/r1EFlDJCZd— WHO Yemen (@WHOYemen) March 25, 2020
Оваа превентивни активност на СЗО во земјата се дел од напорите на државните органи за превенција на ширење на вирусот во кои се вклучени и прекинување на наставата во училиштата, затворање на продавниците и забраната за молитви во џамиите.
Ваквите остри мерки, и покрај тоа што нема ниту еден заразен, се преземаат затоа што недостатоток од чиста вода и сапун во Јемен се дел од причините поради кои земјата ќе има многу малку шанси да се одбрани од евентуална епидемија при што ќе бидат загрозени животите на милиони луѓе.
Земјата веќе ја има најголемата епидемија на колера со преку еден милион луѓе болни од оваа болест, а две третини од населението се на работ од прегладнетост. Од воените дејствија, болести и глад во изминативе пет години починати се стотици илјади луѓе. Преку 3,5 милиони луѓе се раселени од своите домови и живеат како бегалци, а преку 90 проценти од медицинските капацитети на земјата се надвор од функицја.
Ваквите бројки само ја навестуваат лошата состојба во која живеат луѓето во Јемен, кои сега, поради глобалната пандемија добиваат барем мала шанса да се соземат, се додека пандемијата ја заобиколува нивната земја.