Свет 26. мај 2020. / 12:15

Позитивна страна на пандемијата: Рекордно мал број загинати во сообраќајќи во Германија

Позитивна страна на пандемијата: Рекордно мал број загинати во сообраќајќи во Германија

Рестриктивните мерки воведени поради епидемијата на корона вирусот го намалиле месечниот број на загинати во сообраќајни незгоди во Германија на рекордно ниско ниво.

Официјалните бројки покажуваат дека во сообраќајни незгоди во март починале 158 лица, во споредба со 234 загинати во истиот месец лани.

Сојузниот завод за статистика соопшти дека станува збор за најмал број на смртни случаи за еден месец од обединувањето на Германија во 1990 година.

Германија во март воведе значителни ограничувања на движењето на луѓето за да го ублажи ширењето на корона вирусот.

Вкупниот број сообраќајни несреќи во Германија во март се спушти на 166.000, што е намалување за 23 проценти во однос на истиот месец во 2019 година.