Три четвртини од австралиските граѓани, или околу 18 милиони луѓе, директно или индиректно се погодени од неодамнешните пожари во земјата, покажува студија во која се забележува дека лошото справување со огнените стихии, има остар пад на довербата кон владата.
Студијата, спроведена од страна на Националниот универзитет во Австралија, покажува колку е погодено населението од пожари што траеја пет месеци, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, а уништени беа илјадници домови.
– Практично сите Австралијци се погодени од пожарите и многумина ќе ги чувствуваат ефектите во наредните години – објаснува Николас Бидл, лидерот на студијата.
Во оваа студија се вели дека 14 отсто од возрасните, односно околу три милиони луѓе, се директно погодени од кризата. Во оваа бројка влегуваат луѓе коишто морале да бидат евакуирани и нивните домови се уништени или оштетени.
Околу 15 милиони Австралијци индиректно се погодени од вдишување токсичен чад, од промени во планови за патување или загриженост за семејствата и за пријателите кои биле директно погодени.
Студијата покажуваат дека пожарите предизвикале драстичен пад што Австралијанците ја имаат во својата влада.
– Само 27 проценти од анкетираните изјавиле дека веруваат или имаат голема доверба во владата. Тоа е пад од 11 процентни поени за три месеци, односно најголем пад на довербата во толку кратко време досега – образложи Бидл.