Министерството за надворешни работи на Србија утрово соопшти дека во зградата на Постојаната мисија на Србија при обединетите нации во Њујорк избил пожар, при што повредени се четворица, тројца цивили и еден пожарникар.
Пожарот избил околу 20 часот по локално време, поради дотраена инсталација, а го забележале вработени и случајни минувачи. Пожарникарите брзо стигнале, а пожарот е изгасен до 22 часот. Изгорени се две канцеларии, но надлежните велат дека зградата е осигурана.
Поради пожарот Петата авенија била затворена. Зградата е под заштита на државата од 1966 година, изградена е во 1905 година, а проектирана е од архитектонската куќа „Ворен и Ветмор“ која ја осмисли и Гранд Централ станицата на Менхетен.