Свет 09. ноември 2019. / 18:29

Пожар во Националното собрание на Ерменија

Пожар во Националното собрание на Ерменија

Изби пожар во административната зграда на Националното собрание на Ерменија, соопштија локалните медиуми.

За гаснење на огнот биле ангажирани 15 противпожарни возила, а пристигнале и групи од националниот кризен центар и медицински екипи.

Пожарот бил локализиран и нема информации за евентуални повредени, ниту пак за обемот на причинетата материјална штета.