Во центар за проучување на космосот во Иран, утрово избувна пожар во кој загинаа тројца научници, објави иранската новинска агенција ИСНА, наведувајќи го министерот за телекомуникации на Иран, како свои ивзор за ваквите информации.
Министерот, според агенцијата изјавил дека истражувачите загинале во пожарот кој избувнал во една од зградите на центарот.
Иран, и натаму планира да лансира сателити и покрај критиките на САД дека таквите лансирања се корисни само за програмата за балистички проектили на Техеран.
Иран во јануари лансираше еден сателит, но властите соопштија дека тој сателит не ја достигнал потребната брзина во третата фаза од лансирањето. Како дел од својата космичка програма, која се развива во последно време, Иран во изминатата деценија лансираше повеќе сателити.