Свет 21. октомври 2018. / 18:14

Пожар во фабрика за метал во Русија, има загинати

Пожар во фабрика за метал во Русија, има загинати

Ноќеска во фабриката за метал „Електроцинк“ во Владикавказ, на југот на Русија, избил пожар кој зафатил 4.500 метри квадратни, објави „Тас“, повикувајќи се на руското Министерство за вонредни состојби.

Еден пожарникар загина, а двајца беа повредени во пожарот, но ниту еден од вработените во фабриката не беше повреден, објави руската агенција.

„Електроцинк“ е една од најголемите фабрики за метал во Русија, има 1.800 вработени и се бави со преработка на метали и хемиски смеси.