Четири лица загинале во пожар во стан во станбена зграда во западниот дел од Москва, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Како што е соопштено од прес службата за „Тас“, можната причина за пожарот е нестручно ракување, но во предвид се земаат и други сценарија.
До пожарот дошло во стан на седмиот кат во зградата која има 22 ката.