Свет 28. јуни 2018. / 10:24

Пожар избувна во маркет – над 15 загинати (ФОТО)

Пожар избувна во маркет – над 15 загинати (ФОТО)

Најмалку 15 луѓе загинаа меѓу кои и четири деца, и 70 се повредени во пожар во голем маркет во Најроби, соопштија полицијата.

– Пожарот го зафатил Гикомба Маркет и се проширил на куќи во близина, нагласи Кангете Туку, шеф на регионалната полиција во Најроби.

– Досега се евидентирани 15 жртви, изјави тој за локални медиуми. Пожарот избувнал утрото по локално време и се уште не е изгаснат, јави ДПА.

Извор: МИА