Свет 27. декември 2018. / 10:35

Повторно евакуиран облакодерот во Сиднеј – може да се урне во секој момент

Повторно евакуиран облакодерот во Сиднеј – може да се урне во секој момент

Само неколку дена откако стотина станари беа евакуирани од облакодерот „Опал“ во Сиднеј, денеска тие повторно добија соопштение дека треба да ги напуштат домовите. Реакцијата следуваше откако жителите на облакодерот повторно слушнале звуци на крцкање и пукање низ ѕидовите, пренесува „Гардијан“.

Овој пат евакуацијата е на подолг рок, односно на станарите им е кажано десетина дена да не се враќаат во своите домови, а за сите оние кои немаат каде да одат, градот ќе им обезбеди сместување додека не биде анализиран проблемот.