Свет 06. јануари 2021. / 22:55

Повредени полицајци и цивили во немирите во Вашингтон

Повредени полицајци и цивили во немирите во Вашингтон

Полицијата во Вашингтон повторно фрли солзавец, во обид да ги растера демонстрантите  од зградата на Капитол Хил, објави во средата Фокс.

Повеќе полицајци се повредени, а најмалку еден е пренесен во болницата, јави Си-Ен-Ен.

Дел од американските медиуми јавија дека една жена е повредена од огнено оружје.

Претходно, полицијата претходно ја заклучи зградата на Капитол и почна да ги изведува надвор демонстрантите, а пратениците се евакуирани и одведени на безбедно место.

Американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба Националната гарда и другите федерални безбедносни служби да се вклучат во обезбедување на Капитол.

Трамп на Твитер претходно побара од демонстрантите да останат мирни,

– Ве молам пружете поддршка на нашата полиција на Капитол и на силите на редот. Тие се на вистинската страна на нашата земја. Останете мирни, напиша Трамп