Свет 15. април 2020. / 10:22

Повик на Советот на Европа и ОН: Европа да ги користи мигрантите лекари 

Повик на Советот на Европа и ОН: Европа да ги користи мигрантите лекари 

Обединетите нации и Советот на Европа ги повикаа европските земји да ги користат бегалците кои се медицински професионалци во поддршката на националните напори за борба против пандемијата на вируот Ковид-19.

Во заедничко коминике, Канцеларијата на Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) и Советот на Европа ги охрабруваат државите да ја искористат поддршката што овие „професионалци од здравството можат да ја обезбедат во овој критичен период“, објаснувајќи дека има бегалци и баратели на азил со потребните вештини и искуство и кои се подготвени да се ангажираат и да помогнат.

Овој повик доаѓа кога Франција ги олесни  условите за работа на странските лекари.

Во последните неколку недели, неколку европски држави испратија јавен апел за лекари и медицински персонал кои се бегалци да бидат вклучени во националните напори за одговор против корона вирусот. Ние целосно ги поддржуваме ваквите иницијативи и се надеваме дека тие можат да бидат проширени на целиот континент и пошироко – изјави шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.

Од своја страна, генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, подвлече дека квалификациите кои бегалците веќе ги поседуваат, без притоа да можат да ги оправдаат врз основа на документи, можат да се користат и да се искористат.

УНХЦР и Советот на Европа укажуваат дека во Европа, Европскиот пасош за квалификација за бегалци (EQPR), лансиран во 2017 година, „може да помогне во воспоставување на список на лекари кои се бегалци кои биле претходно проценети“ за да им овозможи на националните здравствени власти да го утврдат најдобриот начин за распоредување овие бегалци, „доколку и кога е потребно“.

„EQPR“ не е замена за потребните професионални сертификати и дипломи, но им помага на властите да ги забрзаат работите со квалификација на некои од потребните знаења – забележува Пејчиновиќ Буриќ.