Британскиот министер за транспорт Грант Шепс ги повика Британците по укинувањето на рестриктивните мерки да одат на работа со велосипед или пеш за да се намали притисокот врз јавниот превоз.
Шепс порача дека луѓето кои можат да работат од дома така треба и да продолжат, а оние што мора да одат на работа да користат велосипед или да одат пеш наместо со автомобилите што би направиле метеж во сообраќајот.
Дури и кога јавниот превоз целосно ќе профункционира, ако се земе предвид физичката дистанца од два метра, капацитетот ќе биде еден на досегашните 10 патници – изјави Шепс.
Министерот појасни дека тоа значи дека ќе се користи една десетина од стариот транспортен капацитет.