Свет 13. март 2020. / 09:21

Повеќе од половина од досега заразените со корона вирус во светот се излекувале

Повеќе од половина од досега заразените со корона вирус во светот се излекувале

Од околу 133 илјади досега заразени од корона  вирус во светот, излекувани се 69 илјади, а починале 4.900.

Од моментално болните, 90 отсто се со умерени и благи симптоми, а 10 проценти имаат сериозна клиничка слика.

Најмногу заразени и починати од корона вирус досега има во Кина (80.796 / 3.169), Италија (15.113 / 1.016) и Иран (10.075 / 429).

Во овие три земји има и најмногу излекувани од вирусот Ковид-19. Во Кина од болеста целосно се опоравиле 62.826, во Италија 1.258 и во Иран 3.276.

Случаи на корона вирус досега се регистрирани во 125 земји во светот. Светската здравствена организација поради глобалната криза од коронавирусот завчера прогласи пандемија.