Повеќе од 700 луѓе починале од труење со метанол во Иран затоа што погрешно мислеле дека лекува од Ковид-19, соопшти иранското Министерство за здравство.
Како што соопшти советникот во министерството за здравство, Хосеин Хасаниан, бројот на починати од труење со метанол е толку голем затоа што дел од жртвите починале во своите домови, а не во болница.
Околу 200 луѓе починаа надвор од болниците – посочи Хасаниан.
Според иранското Министерство за здравство во периодот од 20 февруари до 7 април починале 728 луѓе од труење со алкохол, додека нивниот број минатата година изнесувал – 66.