Свет 16. февруари 2021. / 11:32

Потврдено: Уште еден вид на коронавирусот откриен во В. Британија

Потврдено: Уште еден вид на коронавирусот откриен во В. Британија

Експертите соопштија дека во Велика Британија е откриен уште еден вид на коронавирусот со потенцијално загрижувачки сет на мутации.

Истражувачите од Универзитетот во Единбург соопштија дека варијантата позната како Б1525 е откриена со секвенцирање на геномот во 10 држави, вклучително Данска, САД и Австралија, а досега во Велика Британија се пријавени 32 случаи.

Најраните случаи се откриени во декември минатата година, а се појавиле во Велика Британија и во Нигерија.

Експертите наведуваат дела варијатната има сличности со Кентовата варијанта Б117, а има загрижувачки мутации, вклучително и мутацијата Е484К. Но, сè уште не е позната способноста на коронавирусот да предизвика инфекција или потешка слика на болеста, како и дали ќе бидат ефикасни вакцините.