Свет 23. мај 2018. / 12:28

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион завршува

Потрагата по исчезнатиот малезиски авион завршува

Потрагата по авионот на компанијата „Малезија ерлајнс МХ370“, што ја спроведе приватна американска фирма, ќе биде официјално завршена во вторник, следната недела. Ова го најави новиот малезиски министер за сообраќај, Ентони Лоук.

„Утрово го изнесов ова прашање и се согласивме потрагата да продолжи до 29-ти мај“, рече Лоук пред новинарите.

Компанијата „Оушн инфинити“, со седиште во Хјустон трага по авионот кој исчезна на својот лет до Пекинг, на 8-ми март 2014-та година со 239 патници и членови на екипажот.

Исчезнувањето на овој авион се смета за една од најголемите мистерии во авијацијата, наведува „Ројтерс“.