Свет 11. март 2020. / 17:00

Потпретседателката на шпанскиот Конгрес позитивна на корона вирусот

Потпретседателката на шпанскиот Конгрес позитивна на корона вирусот

Втората потпретседателка на шпанскиот конгрес и поранешна министерка за здравство на Шпанија, Ана Патор е позитивна на корона вирусот.

Заболувањето го објави самата Пастор, која на својот твитер профил напиша дека ќе остане во домашна изолација колку што е потребно, иако во моментов не чувствува треска или какви било други симптоми на болеста.

Во Шпанија има 2.238 потврдени случаи на корона вирус, меѓу кои има 49 починати и 136 случаи коишто се излечиле од вирусот.