Претседателот на Украина Петро Порошенко и цариградскиот патријарх Вартоломеј потпишаа договор за создавање самостојна украинска црква. Церемонијата се одржа денеска во резиденцијата на патријархот во Истанбул.
– Денеска е историски ден. Потпишавме Договор за соработка меѓу Украина и Вселенската патријаршија. Украинците се молеа Господ да им испрати една православна автокефална црква – изјави Порошенко по потпишувањето на договорот.
Вартоломеј повторно изјави дека правото да се обезбеди автокефалност е дел од неговите ингеренции и додаде дека таквите дејства „ќе помогнат да се надмине расколот кој постои во Украина веќе 30 години“.
– Покрај тоа, ви благодарам за посетата на Вселенската Патријаршија, за прекрасниот храм „Свети Андреј“, кој ни го дадовте во Киев, за мајката Црква да има трајна застапеност во Украина -му се обрати Вартоломеј на Порошенко.
Кон средината на октомври Цариградската патријаршија ја призна независноста на Украинската православна црква, со што го отвори прашањето за статусот на милиони верници во Украина, каде што Руската православна црква има големо влијание.