Свет 01. март 2021. / 20:15

Последиците од пандемијата Германија ќе ги чувствувa најмалку до 2025 година

Последиците од пандемијата Германија ќе ги чувствувa најмалку до 2025 година

Негативните ефекти од пандемијата на коронавирусот германската економија ќе ги чувствува најмалку до 2025 година, соопшти денеска Институтот за истражување на вработувањата (ИАБ).

-Како резултат на кризата во следните пет години стапката на економски раст во земјата ќе се намали за 0,6 процентни поени, изјави коавторот на извештајот на ИАБ, Енцо Вебер.

Пазарот на трудот, од друга страна, ќе се соочува со долгорочен пад на бројот на вработени, нето за околу  200.000 вработени до 2025 година, додаде тој.

Долгорочните последици од пандемијата најмногу ќе ги погодат малопродажбата, деловните услуги, угостителството, транспортот и авијацијата, предупредува ИАБ.

Единствените сектори во кои се очекуваат позитивни ефекти се информатичката технологија (ИТ), јавните услуги и фармацевтски производи.

ИАГ предвидува дека, поврзано со пандемијата, ќе бидат укинати вкупно 500.000 работни места, а дека треба да се отворат 300.000 нови работни места.

-Пандемијата предизвика криза што поттикна драматични промени, рече Вебер, апелирајќи фокусот да се стави на обуката и создавањето нови работни места за надминување на кризата.