Свет 09. февруари 2019. / 19:03

После четири часа на преглед, откриена состојбата на здравјето на Трамп

После четири часа на преглед, откриена состојбата на здравјето на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп е во добра здравствена состојба, изјави неговиот доктор по четиричасовен преглед.

-Задоволство ми е да соопштам дека претседателот на САД е во добра здравствена состојба и очекувам дека така ќе остане во текот на неговиот мандат, па и подолго од тоа, изјави докторот Шон Конли.

Здравствената состојба на Трамп во јануари минатата година исто така беше добра, по низа проверки.

Американскиот претседател не е обврзан да прави лекарски прегледи, но тоа стана негова редовна пракса со цел да ја увери јавноста дека е способен да ја извршува неговата работа.