Свет 29. ноември 2018. / 23:06

Порошенко по откажаната средба Трамп-Путин: „Така реагираат големите лидери“

Порошенко по откажаната средба Трамп-Путин: „Така реагираат големите лидери“

Украинскиот претседател Петро Порошенко реагираше на објавата дека претседателот на САД, Доналд Трамп ја откажува средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Буенос Аирес.

-Така реагираат големите лидери, напиша Порошенко на Твитер.

Двајцата претседатели требаше да имаат кратка средба на маргините на самитот Г20 во Аргентина.

-Имајќи го предвид фактот дека морнарите и бродовите не се вратени од Русија во Украина, решив дека би било најдобро да ја откажам договорената средба со претседателот Путин. Очекувам значајна средба штом оваа ситуација биде решена, напиша Трамп на Твитер.