Свет 03. декември 2018. / 13:21

Порошенко ќе ги повика воените резервисти на обука

Порошенко ќе ги повика воените резервисти на обука

Украинскиот претседател Петро Порошенко соопшти дека воените резервисти во оваа земја ќе бидат повикани на обука во склоп на прогласената воена состојба.

Тој порача дека некои воени единици ќе бидат распоредени во согласност со засилувањето на одбраната на земјата, пренесе АП.

Истовремено, портпаролот на Кремељ, Дмитри Песков, изјави дека тврдењето на Порошенко, дека Русија планира да гради коридор од Донбас до Крим, е апсурдно и дека тоа е уште еден обид да се зголемат тензиите меѓу двете земји, пренесе ТАС С.

Односите меѓу Украина и Русија уште повеќе се затегнати по инцидентот на 25 ноември, кога Русија отвори оган и заплени три украински бродови, а уапси и украински морнари, под обвинение дека ја нарушиле руската државна граница, по што Порошенко воведе воена состојба во рок од 30 дена во 10 украински региони.