Поразителни бројки ја тресат планетата. Од новиот корона вирус, до 18 часот починати се 13.782 лица, а заразени се 324.064 лица. Според најновите податоци објавени од порталот „worldofmeters“, 96.006 луѓе се излечиле од оваа болест.
Најголем број на инфицирани се забележани во Кина, 81.054, по што следи Италија со 59.138 случаи, а потоа следат САД, Шпанија и Германија.
Црн биланс во Италија. Во последните 24 часа починале 651 лице, а бројот на жртви се зголеми на 5.476 лица.
Најголем број смртни случаи има во Италија.
Во Македонија, потврдени се 114 случаи заразени со корона вирус, а во неделата е регистриран и првиот смртен случај.