Поранешниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајкл Коен, кој ќе сведочи на 8 февруари на затворено сослушување, изјавил дека Трамп му се заканувал.
Коен ќе биде сослушан пред Одборот за разузнавачки работи во Претставничкиот дом на Конгресот, пренесе Ројтерс.
Како што се наведува, Коен, кој во март треба да оди во затвор, зошто се изјасни дека е виновен за кривични дела кои вклучуваат прекршување на правилата за финансирање на кампањата за време на предизборната кампања на Трамп во 2016 година, изрази загриженост поради заканите кои Трамп ги упатувал кон неговото семејство.
Коен му пренел на Одборот легитимна загриженост за сопствената безбедност, како и безбедноста на неговото семејство, која е зголемена со недолични коментари од претседателот и неговиот адвокат рече Адам Шиф, конгресмен од Демократската партија.