Свет 21. декември 2020. / 13:54

Поранешна турска пратеничка осудена на 22 години затвор за тероризам

Поранешна турска пратеничка осудена на 22 години затвор за тероризам

Поранешната пратеничка на прокурдската Демократска партија на народите (ХДП), Лејла Гивен, е осудена на 22 години и три месеци затвор под обвинение за тероризам.

Судот во Дијарбакир пресуди дека 56-годишната Гивен ширела пропаганда во корист на терористичка организација.

Таа беше осудена и како член на терористичка организација.

На Лејла Гивен, која е во затвор од јануари 2018 година, во јуни и го одзедоа пратеничкиот мандат.