Свет 12. февруари 2020. / 19:54

Поранешен руски судски функционер се самоуби во судница откако доби казна затвор за корупција

Поранешен руски судски функционер се самоуби во судница откако доби казна затвор за корупција

Поранешниот директор на руската Федерална служба за извршување казни, Виктор Свиридов изврши самоубиство во судницата на московскиот суд откако му беше изречена казна од три години затвор под обвинение за корупција поради изнуда на 10 милиони рубљи (158.500 долари).

Свиридов, претходно се изјасни за виновен, а неговите адвокати побараа да не биде осуден на затворска казна.

Во тек е истрагата како обвинетиот успеал да внесе пиштол во судницата.