Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Курт Волкер, вчера даде оставка, објави Си-ен-ен и извори запознаени со ситуацијата.
Волкер поднесе оставка откако беше именуван во жалбата на свиркачот поврзана со телефонскиот повик на 25 јули меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, велат изворите.
Според жалбата на свиркачот од разузнавачката заедница, објавена во четвртокот, Волкер разговарал со адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, за да се обиде да ја „заузда штетата“ од напорите на адвокатот да изврши притисок врз Украина да покрене истрага за политичкиот ривал на Трамп, Џо Бајден.
Други извори запознаени со ситуацијата наведуваат дека Волкер на позицијата специјален претставник на Трамп за Украина бил хонорарно, неплатен од 2017 година, и дека се обидел да ѝ помогне на украинската влада да го реши конфликтот со сепаратистите финансирани од Русија.
Стејт департментот не одговорил на барањето коментар од медиумите.