Свет 17. април 2018. / 22:49

Русија удри по Гугл и Амазон поради „Телеграм“

Русија удри по Гугл и Амазон поради „Телеграм“

Руската регулаторна служба за комуникации соопшти дека блокира ИП адреси што ги поседува Гугл и Амазон, со образложение дека се користени од страна на Телеграм, апликацијата што Москва ја забрани, пренесува Ројтерс.

Роскомнадзор, односно службата за надзор на комуникациите, го блокира Телеграм, популарната апликација во Русија, бидејќи одби на руските безбедносни служби да им даде пристап до шифрираните пораки на корисниците.

-Ги информиравме двете компании дека голем број на ИП адреси лоцирани во облаците на овие два сервиси се блокирани врз основа на судската пресуда (за блокирање на Телеграм)- изјави шефот на Роскомнадзор Александар Жаров.