Норвешкиот министер за рибарство, Пер Сандберг, поднесе оставка по острите критики дека ги прекршил безбедносните протоколи со тоа што патувал приватно во Иран и Кина, а притоа не ја известил владата за тоа.
Министрите се обврзани да го информираат кабинетот на премиерот за тоа каде патуваат, без оглед на дестинацијата, а исто така, им е забранета употреба на службен телефон во земјите во кои Норвешка нема воспоставено безбедносна соработка.